Линкови за пристапност

Младите во САД поделени: Како да се гласа за кандидати во одмината возраст?


Младите во САД поделени: Како да се гласа за кандидати во одмината возраст?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:45 0:00

Мнозинството помлади гласачи на овие претседателски избори во САД велат дека посакуваат да избираат некој друг освен Џо Бајден или Доналд Трамп. Дел од тоа е поврзано со напредната возраст на кандидатите. Но, кои се помладите гласачи кои го поддржуваат еден од двајцата? Известува Скот Стернс. . .


Во трката меѓу двајцата најстари кандидати од големите партии да се кандидираат за претседател, во оваа кампања има прашања за нивната способност за функцијата.

Особено од помладите гласачи. Дезмонд Кагер би сакал поинаков избор.

„Ако републиканците или демократите можат да стават некого на гласачкото ливче за кој всушност вреди да се гласа, тогаш јас ќе гласам за него", вели Дезмонд Кагер, гласач од Њу Хемпшир.

Истражувањето на Pew Research (Пју Рисрч) покажа дека две третини од гласачите помлади од 30 години би ги замениле двајцата кандидати доколку имаат шанса. Според тоа, кои се младите кои го поддржуваат Бајден или Трамп?

Загриженоста за репродуктивните права значи дека Бајден има поддршка од Франческа Паниело.

„Мислам дека абортусот ми е важен. Грижата за абортус и правото на избор ", вели Паниело.

Правата за абортус и рекреативната марихуана се и на гласачкото ливче на Флорида овој ноември. Тоа извлекува помлади гласачи за каузите на Демократската партија, вели Џејден Д’Онофрио.

„Младите гласачи имаат вистинска можност да го обликуваат изборниот пејзаж овде во Флорида. Видовме дека правото на избор и рекреативната марихуана се од клучно значење за верувањата и важноста на младите гласачи, и што е најважно за нив правото на избор", додава Д’Онофрио.

Некои млади луѓе се противат на Бајден за неговата поддршка за Израел во војната во Газа. Но, тоа најверојатно ќе му го донесе гласот на Елиана Стајн.

„Чувствувам дека во моментов за мене една од најважните работи е континуираната поддршка за Израел, особено во текот на овој конфликт што се случува. Така, јас навистина го ценам сето она што го прави претседателот Бајден за да го поддржи Израел во овој сегашен конфликт", вели Стајн.

Меѓу младите кои го поддржуваат Трамп се гласачите од Висконсин, Бријауна Бонила и Џонатан Бојер.

„Се обидов да разговарам со луѓе кои не го сакаат Трамп, а тие велат: ‘Можеш да си отидеш. Не сакам повеќе да зборувам со тебе’ . Мислам дека тоа е главниот проблем. Луѓето не се отворени за слушање. Тие едноставно велат: „Ако ви се допаѓа Трамп, вие сте лоша личност...", смета Бонила.
Младите поддржувачи на Трамп се навикнати луѓето на нивна возраст да ги преиспитуваат нивните политички избори, вели Исаја Тарнер.

„На пример, ќе одам во бар со капа на која што пишува „Трамп 2024“ луѓето чудно ме гледаат, ме сметаат за луд, но тоа не ми пречи”, вели Тарнер и додава дека му се восхитува на ставот на Трамп против корупцијата.

„Сметам дека има многу многу скандалозни работи што се случуваат низ целиот свет. Поради тоа мислам дека Трамп е еден од единствените луѓе што всушност што ја имал топката во свои раце, да ги повика овие луѓе и да не се плаши од нив. Едноставно чувствувам дека ќе го направи најдоброто за државата”, вели Тарнер.

Анкетата на Ројтерс/Ипсос во март покажа дека Американците на возраст меѓу 18 и 29 години го фаворизираат Бајден пред Трамп за три процентни поени. Тоа е далеку помала разлика од разликата од 24 отсто со која Бајден победи на гласањето на младите пред четири години.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG